Партнери во проектот

 Центарот за образовни иницијативи (Center for Educational Initiatives – CEI) e невладина, непрофитна асоцијација чија цел е да ги зајакне иновативните образовни иницијативи и да ги олесни образовните реформи во бугарскиот образовен систем. Главните цели на организацијата се да се поттикне соработката во областа на образованието на локално, регионално и европско ниво, да се имплементираат нови наставни методи, главно базирани на ИКТ и да се зајакне соработката помеѓу јавните институции, образовните и научните организации и невладините организации на сите нивоа преку професионални мрежи и платформи.

Експертизата на Центарот за образовни иницијативи ги опфаќа следните сфери:

1. Обука на наставници;

2. Образование за е-учење;

3. Промоција на иновативни практики;

4. Информативни кампањи;

5. Организирање на конференции, семинари и работилници;

6. Организирање на јавни дискусии и дебати;

7. Истражување и теренска работа.

Во 2010 година, Центарот за образовни иницијативи формираше Центар за обука, чија главна цел е да обучи наставници, директори на училишта, универзитетски професори и образовни експерти за вештини за е-учење и дигитални компетенции. Центарот за обука обезбедува различни методолошки курсеви за настава заснована на ИКТ, практики за оценување базирани на ИКТ, итн. врз основа на отворени образовни ресурси како MOODLE. Досега беа обучени над 4000 наставници од средните училишта од повеќе од 150 училишта во целата земја. Повеќе од 40 универзитетски професори дипломирале специјални програми развиени за Факултетот за славистика и за Историскиот факултет на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.


 Здружението на 3D млади (Asociația “Tinerii 3D”) е невладина организација од Крајова, Романија која постои како неформална група од 2007 година, регистрирана како невладина организација во јануари 2013 година. Оваа група на млади луѓе се бори за почитување на правата на млади луѓе во заедницата, за социјална интеграција и поддршка на младите кои припаѓаат на обесправените социјални групи, како и за развивање на здрав начин на живот во 3 Насоки: едукација на умот, култура за душата и спорт за телото. Меѓу нивните цели може да се најдат промоции на волонтерската работа, на општата креативност, на родовата еднаквост и нерасистички предрасуди, на истражување на националната и културата на други земји, на организација на спортски натпревари и последно, но не и најмалку важно, промоции на принципите на Европската унија и европското државјанство.


Институт за образовни и младински студии (Institute for Educational and Youth Studies – EGECED) е непрофитна асоцијација основана од професионалци од областа на образованието (наставници, обучувачи, академици, менаџери и супервизори). Членовите на EGECED се дел од мрежата на училишта која вклучува општи, стручни и специјални образовни училишта. Тоа е мрежа од училишта. EGECED има широк дофат до специјалните локални училишта во основно и средно ниво, како и соработка со универзитетите. Целите на EGECED се да ги собере професионалците кои работат во областа на образованието да придонесат за подобрување на квалитетот на образованието и да воведат модерни апликации во образовниот систем и младите, да придонесат за развој на одржлива размена помеѓу образовните професионалци во Турција и Европа, за поддршка на интеркултурната димензија за едукаторите и младите. EGECED брои 60 членови и 300 волонтери (наставници, раководители на училишта, инспектори, студенти од средни училишта и универзитети).


ЕминС-Лесковац е непартиска, непрофитна и невладина организација која работи во социјалната сфера на Србија од 24.07.2001 година. Членовите на организацијата се собрани со заедничка визија заснована на индивидуалност, лична слобода, проактивност, иновативност и реципроцитет, како фундаментални вредности врз кои тие формираат општество во кое животните изгледи на секој се колку што е можно поголеми. Клучните предизвици на кои членовите на Здружението даваат одговор се: 1. Да се ослободи потенцијалот на поединецот во услови на системска транзиција. 2. Да се изгради глобално конкурентна локална средина. 3. Да се изградат локални капацитети кои ги обезбедуваат придобивките од пристапните преговори и членството на земјата во ЕУ. Мисијата на здружението е да обезбеди најдобра поддршка на општествените актери во ослободувањето, промоцијата и реализацијата на потенцијалот за развој на поединецот на локално ниво. Организацијата е насочена кон задоволување на потребата за слобода, компетентност, поврзаност и забава. Организацијата создава вредност за своите корисници преку развивање и реализирање на сет од: а) примарни активности – дизајн на услуги, управување со знаење, управување со испорака, евалуација и дисеминација и кластерирање; и б) помошни активности – инфраструктура, човечки ресурси, информации и дизајн.


Центарот за образовни и развојни иницијативи ИНОВА ЛАБ – Битола (Center for educational and development initiatives- INNOVA LAB)  е невладина, непрофитна младинска организација, активно вклучена во развој и имплементација на проекти во локалната, националната и меѓународната сфера на неформалното образование која директно има за цел личен и професионален развој на младите.

Има широк спектар на волонтери, кои главно се студенти на Универзитетот Св. Климент Охридски, Битола, Р. Македонија (Економски факултет, Правен факултет, Факултет за биотехнички науки и Факултет за информатички и комуникациски технологии), на возраст од 18 до 30 години, но работи и со средношколци, и со претставници од различни етнички заедници. Мисијата на Центарот е да ги зголеми можностите за вработување на младите луѓе, да креира иновативни образовни и развојни иницијативи и да поттикнува креативна акција. Помага во развивање на знаењето преку организирање работилници и обуки за стекнување стручни вештини и постигнување личен развој но исто така вклучува млади луѓе со помалку можности на пр. млади од руралните средини, млади Роми, социјално загрозени млади да учествуваат во младински размени и да иницираат и водат младински иницијативи.

INNOVA LAB е свет во кој формалното образование дополнително се впива со неформалното образование и неформалните образовни методи за да придонесе во развојот и процесите на одговорност на младите. Се смета дека визијата е остварлива само преку дизајнирање и имплементација на стратегии наменети за развој на личните и професионалните способности на младите, како во формална, академска средина, така и во неформална средина. Секогаш ги поттикнува волонтерите да учествуваат во проекти поврзани со голем број теми како што се претприемништво, креативност и иновации, лидерство, прашања за невработеноста, уметност и креативност, градење тим, методи на неформално образование, дискриминација, медиумска писменост, говор на омраза, демократија и многу други. Им помага на младите да развијат вештини за планирање, организирање, координација и практични вештини за решавање проблеми, тимска работа, самодоверба, дисциплина и одговорност. INNOVA LAB го промовира развојот на младинското претприемништво и ги мотивира младите особено од руралните средини да започнат сопствен бизнис или да научат за нивните можности. INNOVA LAB работи и на заштита и развој на човековите права.

Ги охрабрува младите да се вклучат во дискусија и решавање на различни проблеми во заедницата и соработува со други слични здруженија во земјата и пошироко. INNOVA LAB промовира меѓународни проекти за мобилност, со цел младите да студираат и да работат во странство, со цел да ги унапредат професионалните и лингвистичките вештини и да промовираат поголема интеграција на глобалниот пазар на труд.


 Младинскиот центар на Епир (YC Epirus) е непрофитна организација лоцирана во Јанина, во срцето на регионот Епир, Грција. Тој е домаќин на оддели за неформално образование на млади возрасни и интеграција на баратели на азил. Организацијата е меѓународно сертифицирана за услуги за поддршка за подобрување на животот на граѓаните и надградба на општите услови за живеење, од страна на Меѓународната организација за стандардизација и има добиено сертификат како давател на услуги од примарна социјална заштита од непрофитна природа од Министерството за труд и социјала.

Центарот за млади во Каплани 10, Јанина е отворен за јавноста во текот на секоја студиска година. Центарот е отворен простор за сите млади кои бараат неформално образование, локални и меѓународни можности. YC Epirus нуди активности поврзани со волонтерството, неформалното образование, социјалната инклузија и културната свест. Нашиот меѓународен тим комбиниран од волонтери и младински работници спроведува различни курсеви и работилници, информативни и културни настани за млади; секој е добредојден да се придружи на нашиот тим и да ги сподели своите идеи!

YC Epirus организира и учествува и во меѓународни образовни проекти како што се младински размени, курсеви за обука, семинари, како и проекти за волонтеризам, истражување и градење капацитети во рамките на програмите Еразмус+ и Европскиот солидарен корпус. Дополнително, местото е домаќин на Europe Direct Информативниот центар каде регионалното општество може да добива информации поврзани со можностите на ЕУ, грантови, граѓански права итн.

Одделот за интеграција на баратели на азил на YC Epirus работи со локални и регионални проекти кои обезбедуваат сместување, интеграција, здравствена заштита, образовна и друга поддршка на барателите на азил во регионот на Епир. Овој оддел работи на Месологиу 29, Каплани 10 и Аспрагели Јанина.